Милица Тодоровиќ од момчето доби скапоцен подарок

Популарната пејачка Милица Тодоровиќ неодамна го прослави својот 28 роденден, а од момчето доби вреден подарок. Имено, Милош Пауновиќ на Милица и подарил прстен пренесува „Блиц“. Станува збор за накит кој бил изработен по негова желба.

 „Оваа година, Милица од фановите доби многу подароци, цвеќе, гардероба и тоа подароци кои и ги пратија на домашна адреса. Роденденот го прослави со најблиските, кумовите Стеван Анѓелковиќ и сопругата, со сестрата и момчето Милош кој на полноќ ја изненади со роденденска торта“, вели извор близок на Милица.

Изворот вели дека Милица од  момчето добила прстен за кој платил огромна сума на пари, а пејачката многу се израдувала на подарокот бидејќи сака таков накит.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*