Елена пријатно изненадена од снимка каде таа свири гајда, како и големите споделувања на видеото на социјалните мрежи

Бележеше бројни работни ангажмани цело лето.

Фолкерката Елена Јовческа немаше буквално ниту еден слободен викенд, а посебно ја изненади ненадејното видео кое се сподели на социјалните мрежи кадешто таа свири гајда, на кое како што вели се препознала и изненадила. Таа е посебно горда и на големата гледаност на споделеното видео.

-Без да знам е снимката направена. Тоа беше за Голема Богородица. Сум била снимана , меѓутоа не знаев и случајно кога разгледував на фејсбук што се случува, гледам гајда. Не познав дека местото е таму каде што пеев јас. Кога се слушам тоа сум јас, каде што свирам. Кога видов дека има над илјада коментари, неможев да ги дочитам. Не знаете какво беше чувството. Морници ми поминаа. Не знаев дека толку многу ме сакаат  со тој инструмент и им благодарам на сите оние кои го споделија видеото, истакнува Елена.

Инаку видеото беше споделено над околу 700 пати, а Елена не ја криеше да ја опише својата голема изненаденост која ја имала кога го погледнала случајното видео на фејсбук.

Периодов Елена е надор од нашата земја, во Америка каде има настапи, а за Новогодишните празници Елена ќе биде во Италија.

Она што го сработи пред нејзиното заминување е исто така изненадување. Станува збор за преработка на турска љубовна песна, каде Елена “Карабиберим” ја носи во вистинско турско издание.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*