Арена бенд најбарани во Скопскиот регион

Арена бенд се најбарани во Скопскиот регион. Но, радува фактот што изминатиот период имале и неколку фамилијарни прослави во западниот дел од Македонија.

Момците од Арена бенд се доста барани на семејните прослави. Сашко Пејовски, вокал на бендот при гостување во ИН Продукција истакна дека бендот е најбаран во Скопскиот регион, но не изостануваат и настапите низ другите градови во земјава.

-Најбарани сме во Скопскиот регион, таму функционираме, таму работиме, снимаме, но сепак имавме настапи и во другите градови. Западна Македонија имавме неколку настапи, односно свадби.-вели Пејовски.

Кога станува збор за приклучување на женски вокал во групата, Сашко вели дека ретко се случува таа потреба, но кога е потребно соработуваат со нивни блиски колешки.

-Па сега засега многу ретко се јавуваше таа потреба, единствено само кога свириме прослави кои што се организирани од рестораните како на пример Новогодишна прослава и сметам дека тоа не е доволно за да земеме женски вокал во бендот. Така да, кога ни е потребен женски вокал, најчесто соработуваме со некои од колешките. Се собираме ден два порано, правиме една напорна и долга проба во која што се усогласуваме кои песни ќе се свират, на каков начин ќе се отсвират.

Досега сме функционирале одлично на тој начин и понатаму во иднина доколку имаме потреба од женски вокал нема да имаме проблем да најдеме се надевам. Засега си функционираме како шест членови во групата и немаме никаков проблем. Супер ни оди.-додава младиот и талентиран пејач, при интервјуто за ИН ТВ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*