“Не останувам во овој град” со лавина позитивни коментари на социјалните мрежи

По само една недела откако официјални излезе видео записот за најновата песна на Мухи, “Не останувам во овој град”, спотот е доста посетуван на Ју Тјуб.

Дополнително на тоа откако Мухи го сподели готовиот производ на својот фејсбук профил, доби лавина од позитивни коментари, како за текстот на песната која е балада, така и големи честитки за реализираниот спот.

Респект, секоја чест, продолжи само така , вистински хит мејкер, се само дел од низата позитивни коментари и критики упатени од неговите пријатели и фанови на неговиот фејсбук профил. Впрочем  како што и сам изјави во своето интервју Мухи, очекувањата од видео записот се големи но тоа ќе го остави најанпред да го каже публиката и неговите фанови.

-Со оваа песна сакав само да покажам дека повторно се враќам во шините. Дека ќе стартувам со мојата музика и понатака за следните планови нека остане како мало изненадување, кратко вели Мухи.

Неодамна Мухи имаше музички настап во познат локал во Штудгарт. Тој не застанува тука најавува и други музички новитети и настапу ширум Европа.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*