Димитар Митровски : Благодарен им сум на моите родители кои ме насочија на правилниот пат

Свири на хармоника уште од неговата 4-годишна возраст. Младиот и талентиран Димитар Митровски потекнува од музичко семејство и како што вели, благодарен е на неговите родители кои го насочиле на правилниот пат.

Иако е релативно млад, талентираниот хармоникаш Димитар Митровски кој потекнува од Битола веќе станува доста познат кај македонската јавност. При гостувањето во ИН Продукција, Димитар ни ја раскажа неговата музичка приказна.

-Почнав со свирење на хармоника од мојата 4 годишна возраст. Потекнувам од музичко семејство, мојот татко е хармоникаш, мојата сестра е соло пејач. На 10 години почнав со приватни часови кај професорот Кирил Стојчески. Моите родители ме насочија на правилниот пат по кој треба да се движам, па до ден денес им сум премногу благодарен бидејќи ете лека полека успеав во музиката.-истакна Димитар.

Во 2016-та година Димитар го издаде и својот прв албум со македонски народни ора. Композициите, како што вели тој засега се одлично прифатени од јавноста.

-Албумот се промовираше во најдобро светло, ората се доста слушани. Дури и некои колеги ги свират моите ора. На албумот имам 10 композиции од кои 8 се мои авторски. Сега засега е многу добро, но работам веќе и на вториот албум. Таму ќе се двете ора кои ги снимивме со Тони. И пред тоа имаме уште една снимка од “Balkan Fusion” на гледачите сигурно им е позната. Имам уште четири композиции на кои што работам, а кога точно ќе излезе албумот сеуште незнам. Несакам да брзам, сакам да биде онака како што треба.-додава при интервјуто младиот музичар.

Во продолжение погледнете го видеото од заедничката соработка на Димитар Митровски со познатиот трубач Тони Димитриоски и уживајте во прекрасните звуци !

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*