ДАРКО ЛАЗИЌ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ -ПОЖАРНИКАРИ ГО ВАДЕЛЕ ОД СМАЧКАНО ВОЗИЛО

Српскиот пејач со тешки повреди се наоѓа на интензивна нега во земунската болница, откако утрово доживеа тешка сообраќајка по која се бори за живот.

Дваесет и седумгодишниот Дарко Лазиќ, кој годинава неколкупати ги полнеше балканските таблоиди кога го фатија со дрога и се разведе, со автомобилот излетал од патот и се превртел на кров, а потоа едвај го извадиле од смачканото возило.

Во моментот на несреќата тој во своето БМВ бил сам, а го извлекувале пожарникари. Пејачот немал појас, тешко е повреден и ќе му се земе крв да се види дали бил пијан.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*