Северина со новото видео ги запали социјалните мрежи

Популарната хрватска пејачка Северина Којиќ неодамна се најде во центарот на вниманието поради нејзините експлицитни фотографии. Но, очигледно на пејачката не и пречат аферите, па секој момент го користи за да ужива.

Овојпат на Инстаграм, Северина сподели видео на кое игра и скока на песната „Single ladies“ од Бијонсе, а на себе носи долг капут под кој нема речиси ништо од облека.

Во прв план беше нејзиното бујно деколте и долге нозе, а пејачката не престануваше да се смее.

„Расположена“, напиша Севе во описот на фотографијата.

Нејзините фанови не престанаа да коментираат како Севе има одлична енергија и не престанува да се забавува.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*