“Профа бенд” пет години на македонската музичка сцена

Постојат пет години на македонската музичка сцена при што почетоците ги  бележат како трио, а сега се само двајца, односно функционираат како дуо.

“Профа бенд” кој го сочинуваат Теодора Велковска и професорот Горан Делевски, сега веќе со поголеми чекори навлегуваат на македонската музичка сцена.  Особено годинава ја одбележуваат со повеќето фестивалски настапи како и она што најтазе го сработија, нивниот прв видео запис, за кој се премногу задоволни.

-Почетокот беше во друг состав. Имавме уште една вокална солистка Александра и почнавме со работ а. Во прво време работевме како тројка со две воклани солитски и јас како клавијатурист, меѓутоа скоро една година одлучивме дека ред е да се поделиме малку. Едноставно различни карактери , па одлучивме дека на тој начин ќе продолжиме да егзистираме, така што веќе пет и пол години сме на македонската музичка естрада, истакнува професорот Горан.

Инаку Теодора и Горан се и во роднинска врска, со оглед на тоа што се братучеди а музиката ги спојува и во еден бенд. Како што додаваат по потреба тие имаат и оставруваат и други соработки со воклани инструменталисти.

-Ние со Горан сме фамилија, братучеди сме и не бевме многу во контакт пред да почнам да пеам. Откако почнав да пеам 2013 година , бев пријавена на едно музичко шоу “Сите наши песни” и тогаш го побарав Горан, зошто тој е професор по музичко во нашата Гимназија во Кичево, па го побарав да ми каже некој предлог, како консултација. Потоа испадна да соработуваме ,тој претходно имал друга група но останал без колега и така ја започнавме соработката, истакнува Теодора.

Сета таа случајност која довела во тие сплет на околности да настане “Профа бенд”, денес е веќе факт кој зад себе имаат шест песни и еден видео запис за песната “Песно,животе мој”. Видео записто се очекува наскоро да биде промовиран на ИН продукција со кој впрочем и се снимаше.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*