Група Милениум најавуваат промоција на вториот албум

По враќањето од Австралиската турнеја, група Милениум најавуваат промоција на новиот албум. Сите песни од цд-то ќе добијат видео записи.

Веќе се готови песните кои ќе се најдат на вториот албум од Група Милениум. Тие при гостувањето во ИН Продукција истакнаа дека албумот ќе има и своја промоција, но по враќањето од нивната Австралиска турнеја.

-Веќе подготвен е материјалот за второто цд. Оваа песна која ја изведовме на Лешочки фестивал е последната од тоа цд, ама сега немаме време да го издадеме, така да тоа ќе биде во зимскиот период кога ќе се вратиме од Австралија.-истакнаа при гостувањето во емисијата “Наша Сцена”, дел од членовите на група Милениум.

Тие велат дека веќе снимиле неколку видеа за новите песни, додавајќи дека сите песни од новото цд ќе добијат видео записи.

-Да да, секако дека ќе добијат видео запис. И од претходното цд песните си добија видео, а од новото цд три видео записи веќе имаме сработено со ИН Продукција. Планираме за сите песни што ги имаме да снимаме видео записи.-додаваат оттаму.

Инаку, група Милениум во моментов ја остваруваат нивната прва турнеја во Австралија, каде што ќе останат месец дена.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*