Фолк-фестивалот „Роса“ на 26 октомври во МОБ

19. издание на фолк-фестивалот „Роса“ годинава ќе се одржи на 26 октомври во МОБ.

По повод 25-годишнината од постоењето на организаторот – радио „Роса“, изведувачите ќе пеат во живо, во придружба на фестивалски оркестар.

„Решивме фестивалот да го поместиме за крајот на октомври. На сцената ќе се појави фолк-елитата и затоа фестивалот годинава ќе биде во живо. Ќе има и фестивалски оркестар, ’Браќа Нуне’, кои ќе ги следат пејачите на сцена. Фестивалот ќе се одржи во МОБ со почеток во 20 часот. Македонската телевизија ќе го снима и одложено ќе го емитува“изјави Александар Димитров, директор на радио „Роса“.

Годинава на фестивалската сцена ќе се појават најдобрите имиња од македонскиот фолк, меѓу кои и: Миле Кузмановски, Јордан Митев, Горан Кукиќ, Марјан Коцев, Душко Ѓеоргиевски, Наум Петрески, Благоја Грујовски, Ленче Кукиќ, Сузана Гавазова, Анета Мицевска, Благица Павловска… кои на големо се подготвуваат и со песните и со имиџот, за сè да биде на високо ниво.

Како и секогаш, фестивалот е од ревијален карактер, а единствените награди што ќе се доделат се традиционалните награди за животно дело. Годинава добитници се Наум Бурназ, Нино Величковски и Ферус Мустафов. Водителка ќе биде атрактивната Ирена Спировска.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*