Пејачката одби да настапува на полувремето на Superbowl во знак на поддршка на Колин Каперник

Управата на американската фудбалска лига NFL одби да ги коментира наводите дека пејачката Ријана одби да настапува на полувремето на Супербоул во знак на поддршка на Колин Каперник, пренесува BBC.

Поранешниот играч на Сан Франциско, Колин Каперник е првиот NFL играч кој клечел за време на изведувањето на американската химна пред почетокот на натпреварот, во знак на протест поради бруталноста кон афроамериканците и расната нееднаквост.

Тој започна да протестира во 2016 година, а неговиот пример го следеле и останатите играчи, а нив во повеќе наврати ги критикуваше претседателот Доналд Трамп, кој побара строги казни.

Управата на NFL лигата најави дека клубовите ќе бидат казнети доколку нивните играчи клечат за време на химната. Извор близок до пејачката наводно рекол за магазинот US Weekly дека Ријана не се согласува со ставот на NFL.

Во финалето на NFL Лигата на 2 февруари во Атланта ќе настапи бендот Maroon 5. Каперник моментално не настапува за ниту еден тим откако го напушти Сан Франциско во март 2017 година.

Тој поднесе жалба против сопственикот на клубот тврдејќи дека не сакаат да го ангажираат поради протестот кој го покрена. Оттогаш тој стана заштитно лице на компанијата Nike.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*