Тони Димитриоски : Музиката е она што ме прави многу среќен

“Музиката е она што ме прави многу среќен.”-истакна познатиот виртуоз на труба, Тони Димитриоски. Тој вели дека радува фактот што во Австралија има многу луѓе и музичари кои што ја пратат и негуваат македонската музика.

Виртуозот на труба, Тони Димитриоски потекнува од Македонија, но живее и работи во Австралија. Покрај тоа што долги години веќе ја негува народната музика и има бројни настапи за викенди ширум Австралија, тој работи и како професор по труба.

-За музичар е прекрасно, македонците во Австралија ја пратат македонската музика и се интересираат. Јас сум среќен поради тоа што цело време работам со трубата во раце, а преку недела работат како професор во приватно школо во Австралија и предавам за класика, труба. А во викенди работам со народна музика, свадби, крштевки, концерти и такви настапи и многу сум среќен што има многу музичари на кои тоа им е хоби, а си имаат свои занаети. Јас цело време тоа го работам, од понеделник до петок, па и сабота и недела. Цел живот, уште како дете бидејќи свирам од 10 години и сум доста активен.-истакна Тони, при неодамнешното гостување во ИН Продукција.

Изминатиов период, Тони промовираше и неколку нови инструментални дела, од кои и едно оро коешто е во соработка со младиот хармоникаш Димитар Митровски.

-Моето оро е повеќе народен стил и се вика “THE FOREIGN FRENZY. Имињата не се на македонски јазик, “THE FOREIGN FRENZY” значи нешто што не е ни од тука ни оттаму. Значи јас сум од Австралија, тој е од Македонија, па најдовме некој начин да се споиме и да имаме соработка.-додава познатиот трубач.

Инаку, Тони престојот во Македонија го искористи да оформи и Оркестар кој се состои од неколку искусни музичари, со кои што имаат големи планови за во иднина, а најавуваат и заеднички проект.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*