Одличен старт на Мартин и неговиот бенд

Одличен старт на нивната соработка како бенд. Иако се оформија пред краток период, Мартин Стојаноски и неговиот бенд веќе имаат полна агенда со ангажмани.

Мартин Стојаноски периодов е доста баран низ локалите во Прилеп и околината, а тоа дека е активен со настапи можеме да го забележиме и од фотографиите кои што тој редовно ги објавува на социјалните мрежи. Иако води соло кариера, Мартин веќе си оформи и свој бенд со искусни музичари, кои ќе го придружуваат на неговите настапи, но заедно со нив има и планови за снимање на авторски дела, како и проект со кавери на познати хитови.

-Нашиот бенд е оформен сега скоро, во иднина планираме да снимиме нешто заедничко, односно некои кавери, а планираме на бендот во најскоро време да му ставиме и име. Планираме да снимиме авторско оро, па името ќе биде онака како што ќе биде насловено орото.-истакна Мартин при неодамнешното гостување во емисијата “Промо” на ИН ТВ.

Бендот на Мартин се состои од уште тројца музичари и тоа, Иле Иваноски, Кико Стојчески и Александар Поповски.

Мартин и неговиот бенд на социјалните мрежи го најавија нивниот следен заеднички настап кој ќе се одржи во сабота во Ресторанот Лаки во Прилеп.

Инаку, Мартин пред извесно време во соработка со ИН Продукција ги промовираше новите кавери, а станува збор за песни кои се доста барани од публиката на неговите настапи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*