Маестралци горди на јубилејниот концерт од 30 години музичка кариера

Ова година ја одбележаа посебно со својот јубилеен концерт во кој заокружија триесет години од својата муичка кариера. Битолскиот оркестар “Маестрал” сеуште е со топли впечатоци од одржаниот концерт за време на летниот период во родната Битола.

-Впечатоците се сеуште тазе и благодарение на вашата телевизија, што можеше цела дијаспора и цела Македонија да види дел од атмосферата што се случуваше од нашиот јубилеен концерт. Се надеваме дека беше успешен и ќе ни даде поттик за понатаму да имаме повеќе волја да направиме на наредните јубилеи доколку ги имаме, велат маестралци.

И покрај тоа што со многубројните летни ангжамни кои ги имаа од окрестарот “Маестрал”, немаа време во изобилство за да се подготват за овој концерт, но сепак долгогодишното нивно искуство и многу доброто мознавање помеѓу себе на сцената на сите шест членови си го направи своето, речиси сите беа како еден. Беспрекорна изведба и одбрани песни во кои битолската публика и гостите едноставно уживаа.

-Организациски се договоривме како ќе биде сето тоа. песните беа одбрани ,а  не сакавме официјалниот дел да трае многу, бидејќи луѓето беа дојдени повеќе за веселба. Навистина имаме многу добри импресии и сеуште позитивни коментари од нашио јублеј, додава Иле.

Она за што следно се подготвуваат Маестралци е нивната престојна Новогодишна турнеја во далечната Австралија.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*