Љубовната приказна на Лејди Гага и Кристијан Карино

По многу шпекулации и коментари за блескавиот розов прстен, Лејди Гага потврди дека се вери со Кристијан

Карино. Вчера на манифестацијата „Жените во Холивуд“ во Лос Анџелес , Лејди Гага ги потврди гласините со заблагодарување на „мојот свршеник Кристијан” за време на нејзиниот говор.

Кристијан Карино има 48 години. Лејди Гага има 31 година. Нивната разлика е 17 години, што и не е нешто многу. Иако двајцата доаѓаат од две различни генерации, нивната врска изгледа навистина цврсто. Лејди Гага кажа дека Кристијан е нејзината сродна душа. Тој пак постојано го преплавува својот Инстаграм профил со нејзини фотки и романтични коментари за неговата вереница. Во многу наврати напишал дека е љубовта на неговиот живот, неговиот дом и некој многу специјален за него.

Озборувањата велат дека ова не е прва јавна врска за познатиот агент, но дека претходно бил во љубовна романса со актерката Лаурен Коан од „The Walking Dead„ во 2016-тата година. Секако ова не е прва таква врска ни за Лејди Гага, која претходно имаше пет годишна врска со Тејлор Кини.

Она што остави особен впечаток, впрочем како и секој пат, беше стајлингот на музичката ѕвезда, а Лејди Гага со солзи во очите ја објасна моќната порака која ја носи со својот моден избор, односно дека денеска после многу немили настани од мажи во минатото, таа е онаа која „ги носи панталоните“.

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*