Хитовската песна на Мухи “Не останувам јас во овој град” ќе ечи низ Европа

“Не останувам јас во овој град”, големиот хит на Мухи, ќе ечи низ цела Европа. Тој при гостувањето во ИН Продукција истакна дека често настапува низ поголемите градови во Европа, а периодов неговите ангажмани се зголемуваат.

Хитовската песна на Мухи “Не останувам јас во овој град” ќе ечи низ Европа. Мухи периодов го промовираше и спотот за оваа песна, а за кратко време таа постана голем хит. Тој при интервју за ИН ТВ истакна дека често настапува во локалите низ повеќе градови низ Европа, додавајќи дека по објавувањето на спотот кој беше во соработка со ИН Продукција, ангажманите веќе се зголемуваат.

-Најискрено да ви кажам мене Европа ми значи премногу. Како да ви објаснам, помеѓу Скопје, па до Сарај, Аеродром, такво значење има и Европа кај мене. Дали сум во Франкфурт, дали Луксембург, Брисел или Келн, се е исто. Тоа ми е во кругот, така да настапувам насекаде.-вели тој.

Мухи за естрадниот магазин “Естрада плус” изјави дека следниот негов настап ќе биде во дискотеката “Перфекте” во Штутгард, а присутните гости ќе имаат можност да ја слушнат и неговата најнова песна “Не останувам јас во овој град”.

За сите кои сакаат да присуствуваат на забавата, ова е адресата :

PERFECTE AUSZEIT
Eltigerstra.41
71229
Leonberg
Stuttgart

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*