Сашко Пејовски : Оваа сезона, се исполни замислата на Арена бенд

Летниот период имаа бројни ангажмани, најповеќе на свадбените прослави. Арена бенд велат дека им се исполнува нивната замисла која ја имале уште кога се оформиле, а тоа е да бидат одлично прифатени од јавноста и да бидат барани на свадбите.

Откако се оформија како бенд, нивната замисла била да свират на семејните прослави, најповеќе на свадби. Нивната желба се исполнува, а изминатата сезона како што откриваат младите момци од Арена бенд, поминала со бројни ангажмани. Се разбира истите, продолжуваат и во есенскиот период.

-Ова лето бевме презафатени, но и септември и октомври имаме најмногу настапи на свадби. Скоро секој викенд ни беше полн, исполнет со изведување на македонските свадби, тоа беше и нашата замисла кога се оформивме како бенд и можам да кажам дека баш оваа сезона ни се оствари таа замисла, да бидеме прифатени кај луѓето и да не бараат за нивниот најсреќен момент.-истакна Сашко Пејовски, извонредниот вокал од Арена бенд.

Тие се издвојуваат од другите бендови, по тоа што свират секаков стил на музика, од македонска народна, до блуз џез, поп и рок. Нивниот репертоар на музика е навистина обемен.

-Имаме голем и обемен репертоар и различен, можам да кажам. Го свириме буквално секој жанр на музика, сега можеби не толку добро како македонски дел и македонските песни, но се трудиме да успееме и во таа област. Свириме поп и рок, некогаш и блуз и џез, но сепак се договараме со младите кои ја прават свадбата, каков вид на музика сакаат тие. Најмногу се свири македонска народна музика, некаде околу 70 отсто, потоа по нивно барање на почеток од свадбата какви песни сакаат, како стил. Репертоарот ни е доста голем, така да можеме да исполниме сечија желба кога се работи за свадба.-додава младиот пејач.

Покрај бројните настапи, момците издвојуваат време за снимање авторски дела и нов материјал. Пред извесно време го промовираа спотот за нивната најнова песна која носи наслов “Мајка”, а веќе ги подготвуваат и новите кавери на познати македонски народни хитови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*