Рубин Благадуша најавува наскоро промоција на нов албум од петнаесет песни

По неговите три нови видео записи, Рубин Благадуша не застанува тука, веќе сними аудио снимки за три кавер песни кои се многу добро познати и малку постари од ресенскиот дел, а веќе е во најава за својот нов  албум. Секако, се подготвува и новиот албум, на кој веќе ќе се најдат добри аудио песни, додава Рубин.

-Некаде , крајот на ноември ќе имаме промоција , кој што албум ќе има 15 видео записи и 15 аудио записи. Сепак да оставиме да не зборувам многу, за да биде интересно она што се планира за тогаш како промоција, истакнува Рубин.

Од неодамна Рубин бележи заеднички настапи и со “Позитив бенд”, кој како што појаснува е главниот иницијатор за тие да се оформат како бенд и да ја отпочнат музичката сроаботка заедно со него. Задоволство од  ваквата соработка изразуваат и од “Позитив бенд”, кој додаваат дека засега сето тоа функционира беспрекорно.

-Од Рубинчо сме задоволни. Тој е екстра квалитетн вокал , нема збор. Сонароден човек е со сите знае да се однесува, да соработува. Со нас музичарите е доста професионалец. Немаме проблеми, во глобала наоѓаме заеднички јазик и разбирање, истакнуваат од “Позитив бенд”.

Инаку “Позитив бендот” се јавува и како дел од видео записите кои неодамна Рубин ги снимаше во соработка со ИН продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*