МАКЕДОНСКИ ДИЗАЈНЕР ЈА ОБЛЕЧЕ ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ

Џенифер Лопез беше меѓу славните гостинки на манифестацијата по повод доделувањето на наградите Women in Hollywood од списанието Elle.

На свеченоста, 49-годишната пејачка и актерка се појави во невообичаена креација од австралискиот дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски. Својот изглед, атрактивната музичка ѕвезда го комплетираше со сандали од Џими Чу и прстени од Hearts on Fire.

Лопез со краток говор полн со комплименти ја претстави Лејди Гага, која не можеше да си ги задржи солзите.

„Ти си неверојатна девојка од Њујорк. Те сакам. Навистина те сакам. Ти инспирираш, не само мене, туку инспирираш цела генерација луѓе да ги следат своите соништа“ – рече таа пред да ѝ честита за талентите кои ги покажува во филмот „A Star Is Born“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*