Група Милениум презадоволни од бројните ангажмани во изминатиот период

Група Милениум презадоволни од тоа како помина летниот период за нив. Тие велат дека биле доста зафатени со ангажмани, најчесто на семејните прослави. За зимскиот период ја најавуваат промоцијата на нивниот втор албум.

Летниот период помина одлично за група Милениум. При интервју за ИН ТВ тие откриваат дека летото го работеле со полна пареа, без слободен викенд.         

-Воопшто немавме пауза, немавме ниту еден викенд слободен и продолжуваме и понатаму со исто темпо. Октомври сме цел во Австралија, па ноември дури ќе намали работата и тогаш ќе одмориме.-истакнаа од група Милениум, за естрадниот магазин Естрада плус.

Група Милениум велат дека веќе се готови и песните кои ќе се најдат на нивниот втор албум, а промоција најавуваат по враќањето од нивната Австралиска турнеја.

-Веќе подготвен е материјалот за второто цд. Оваа песна која ја изведовме на Лешочки фестивал е последната од тоа цд, ама сега немаме време да го издадеме, така да тоа ќе биде во зимскиот период кога ќе се вратиме од Австралија.-додаваат оттаму.

Момците од Група Милениум се појавија и на годинешното издание на познатиот Лешочки фестивал каде настапија со песната “Убаво македонче”, која е во нивниот препознатлив традиционален македонски стил.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*