Со група “Модус” имаме одлична соработка и тоа ќе продолжи и понатака, вели Елена Јовческа

Долгогодишната соработка на музички план неодамна ја заокружија со заеднички видео запис за позната стара народна македонска песна.

Момците од групата “Модус” и Елена Јовческа најавуваат и понатака плодно музичко творење како и заеднички настапи каде што се барани.

-Заедно со “Модус” веќе имаме договорено свадби, кои што заедно ги пееме. Мене ми е драго Елена Јовческа и група “Модус” веќе не знаат и се многу задоволни, луѓето каде што настапуваме. Мене ми е драго што ете некако се пронајдовме во тој стил на музика. Пееме буквално се, имаме народни инструменти, на самите свадби нели јас тоа го правам. Забавен репертоар заедно со колегата Никола. Имаме еден широк репертоар и правиме одлични свадби, додава Еелена.

Притоа Елена додава и тоа дека во последно се повеќе се пројавува потребата од тоа една група да има во своите редови и женски вокал, бидејќи како што вели има женски песни кои само по себе го налагаат тоа.

-Моето мислње, лино е дека не може некоја женска песна да ја пее машки вокал или јас да пеам машка песна. Мислам дека има разлика и многу е подобро кога ќе испее женско, отколку машко. Одлично се согласуваме во тоа и сме супер, додава Елена.

Секако Елена најави и понатамошни заеднички музички проекти со момците од групата “Модус”.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*