“Песно, Животе мој” од Профа бенд ќе си добие спот

“Песно, Животе мој” од Профа бенд ќе си добие и спот. Видеото се снимаше на неколку локации во Кичево, во соработка со ИН Продукција. Инаку, песната звучи навистина прекрасно, а истата беше изведена на овогодинешното издание на Лешочкиот фестивал.

Профа бенд снимија спот за нивната песна која носи наслов “Песно, Животе мој”. Тие при интервју за ИН ТВ истакнаа дека се презадоволни од снимањето кое се одвиваше во прекрасна атмосфера на неколку интересни локации во Кичево, а во соработка со ИН Продукција.

-Спотот го снимавме на неколку локации и тоа најпрво бевме во нашиот нов хотел, “Atva Residence”, потоа кај Куќата на уметноста, тука во Домот на културата во Кичево и во Ликовната галерија која се наожа под домот. Благодарност до сите коишто ни дозволија да ги користиме нивните прекрасни локации за снимање.-истакна Горан Делевски.

-Јас си поминав навистина супер. Екипата на ИН ТВ беше супер и соработката беше одлична, така да навистина сум задоволна од снимањето и едвај чекам да видам како ќе испадне спотот.-вели Теодора Велкоска, млада и талентирана пејачка која поседува прекрасен глас.

“Песно, Животе мој” беше изведена на годинешното издание на Лешочки Фестивал, а наиде на низа позитивни коментари од јавноста.

-Песната ја изведовме на Лешок Фолк Фест оваа година. Автор на музиката е Мијалче Стојанов од група Џумбуш, аранжманот е мој и е снимена во моето студио.-додаде Делевски за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Од Профа бенд очекуваат спотот и песната да бидат одлично прифатени од публиката, а спотот во најскоро време ќе биде промовиран премиерно на сателитската ИН ТВ.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*