Македонец сум и сакам да создавам македонска музика, вели познатиот музичар Мухи

Иако долго време е надвор од нашата држава каде што живее и работи во Брисел, познатиот Мухи Амети со гордост кажува дека е македонец и дека сака и понатаму да создава и твори македонска музика.

Притоа како што додава треба да се продолжи со создавање македонска музика, поради фактот што таа звучи многу поубаво.

-Македонец сум. Ги обожавам моите македонци. Со нив се гордеам. Ние сме народ кои навистина треба да им се покажеме на светот, на Европа. Ние сме еден толку интелигентен народ  и јас тоа сакам да го претставам на надвор од нашата држава, дека ние македонците сме еден горд народ, еден умен народ , со посебни идеи, со ппосебни убавини и тоа сакам да го изнесам, таа позитивна енергија на нашата музика. Да видат дека ние македонците сме доста музикален народ, истакнува Мухи.

Како што додава Мухи, успева во сето тоа, со оглед на фактот што песните кои ги има издадено како македонска музика нема никогаш да изумрат. Таа музика е напрвена со голема емоција , било кој композитор ја направил таа песна со многу емоции и тие емоции се пренесуваат на секој еден слушател, додава Мухи.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*