Методија Столески се повеќе застапен на фестивалските изнадија

По бројните фестивалски настапи во изминатиот период на младиот Методија Столески, тој веќе се подготвува за престојниот фестивал “Филиграни”.

Имено тој веќе ја подготвуа својата нова песна , која ќе му биде петта по ред . Претходно Методија бележеше настапи и награди на претходните фестивали како “Охрид фест”, “Пирин фолк фест ” во Бугарија како  и “Лешочкиот” фестивал.

Во неговиот досегашен музички репертоар Методија ги има песните “Три Пиринки”, “Срце печалбарско” и песната “Мостови”. Најновата песна со која ќе настапи на “Филиграни” ќе биде петта во неговиот опус.

Оваа година Методија ќе ја означи како најмлад дебитант, со оглед на тоа што има само 15 години,  кој настапуваше на речиси сите фестивалски изданија.

Годинешното јубилејно 25-то издание на интернационалниот фолк фестивал “Филиграни” ќе се одржи на 31 октомври во Домот на АРМ во Скопје со почеток во 20 часот.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*