Како се одмараат во неработниот период членовите од оркестар “Маестрал”?

По работниот викенд кој во голема мера им е премногу ангажиран  со бројни свирки и свадбени свечености битолскиот оркестар “Маестрал” работниот понеделник за нив е ден за почеток на одмор.

Како што истакнуваат членовите, од оркестарот сите на свој начин го организираат своето слободно време со цел да се одморат и соберат енергија за следниот викенд.

-Понеделнички , после две-три свадби за викендот мора да се отспие. Јас сум најранобудник. Имам рутина од 8,30 најдоцна до 9 часот да бида на нозе, без разлика кога и да легнам. Го пијам првото кафе и ретко трчам, низ смеа открива детали Иле, вокалот од оркестар “Маестрал”.

Слично е и слободното време кај останатите членови од оркестарот, кои речиси сите се семејни па слободните денови ги поминуваат заедно и со своите најблиски. Секако помеѓу другото како што додаваат мора да се обават и останатите семејни обврски, кои се задолжителни, а викендите се резервирани за следни настапи и свирки. Битолксиот оркестар “Маестрал” неодмна се врати од својата турнеја во Канада,  најавија и кратка турнеја во Европа, а стандардно Новогодишните празници некако по традиција и оваа година ќе бидат на австралиското тло.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*