Емина Јаховиќ во шок по сообраќајната несреќа

Поп-пејачката Емина Јаховиќ доживеа сообраќајна несреќа во Белград.

Иако се’ уште не е познато што точно се случило, пејачката се огласи на социјалните мрежи и им испрати порака на пријателите и на обожавателите кои се загрижени за нејзиното здравје.

-Драги пријатели, само да ве информирам дека се чувствувам добро по судирот со автомобил и животот не ми е во опасност како што пишуваа некои медиуми. На снимање сум во Белград, а иако сум малку во шок морам да продолжам да работам вечер. Ви благодарам на поддршката, ви праќам многу љубов, напиша Емина на социјалните мрежи.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*