Арена бенд ќе продолжат со исклучиво македонска песна

Арена бенд при гостувањето во ИН Продукција истакнаа дека во следниот период ќе продолжат со снимање на исклучиво македонски песни, без разлика дали станува збор за авторски или преработки на стари хитови. Тие додаваат дека нивниот последен проект со кавери на стари македонски песни кој беше во соработка со ИН Продукција е одлично  прифатен од јавноста.

Препознатливи се по нивниот стил кој е поразличен од другите бендови. Младите момци од Арена бенд велат дека ќе продолжат со снимање на кавери на познати македонски хитови, кои ќе бидат преработени во помодерен стил, но сепак ќе го задржат народниот звук.

-Ние сме група која што работи малку поразлично од другите. Сакаме аранжманскиот дел на некој начин да биде преработен на поразличен начин, а сепак да звучи народно, македонски и да го задржи својот карактер, но и да има некои модернизирани примеси и да звучи поразлично од другите, па и самиот стил на пеење се трудам да го задржам, но сепак да звучи современо.-истакна Сашко Пејовски, вокал на бендот.

Од бендот велат дека нивните последните преработки на стари македонски песни се одлично прифатени од публикат и затоа решиле да продолжат со негување на тој стил и во иднина.

-Последните преработки кои ги презентиравме тука во ИН Продукција, беа на таков начин  направени и навистина имаа огромен успех можам да кажам дека се едни од најуспешните и најгледани кај публиката. Сепак се работи за македонска музика, пред тоа снимивме и неколку српски и имавме успех со тие, но овојпат решивме да направиме стари македонски песни и да видиме како ќе се одвива тоа. Навистина бевме изненадени од успешноста на самите снимки и песни, како тие беа прифатени кај луѓето и заклучивме дека понатаму ќе биде најдобро и за нашиот успех, но и за музичката култура во Македонија да продолжиме со снимање на македонски песни. Дали тоа ќе бидат наши компонирани, авторски или преработки, сепак можам да кажам дека најголемиот процент ќе бидат македонски песни.-додава Сашко, при интервјуто за ИН ТВ.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*