Следната година Гоце Петрески ќе оствари настапи во Америка и Канада

Во 2019-та година Гоце Петрески Бананата ќе оствари неколку концерти во Америка и Канада. А со цел да се запознае со нашинците, Гоце се надева дека ќе има и кратка турнеја низ Европа. Инаку, во најскоро време ќе биде промовиран и неговиот најнов албум на кој ќе се најдат 12 песни од кои и дует со Анета Мицевска од група Молика.

Гоце Петрески за следната година ги најавува неговите концерти во Америка и Канада. Тој се надева дека ќе оствари и кратки турнеи во Европа со цел да се запознае и со останатите македонци кои живеат во дијаспората.

-Работиме на тоа, баш сум и во преговори за Америка и Канада, тоа е за во 2019-та година. Па понатаму се надевам дека и низ Европа ќе направиме една мала турнеја. Мерак ми е да се прошетаме малку, да се запознаеме со нашинците во дијаспората и се надевам дека ќе се оствари тоа. Засега сето тоа е во план, па ќе видиме како ќе биде.-истакна Гоце, при гостувањето во емисијата Промо на ИН ТВ.

Петрески е при крај со песните кои ќе се најдат на неговиот нов албум, а се разбира истиот ќе биде промовиран низ Австралија.

-Планот е да се направи една промоција и некои помали концерти ширум Австралија, за да ги запознаам македонците таму со тоа што го работам, да видат каков нов материјал сум снимил па се надевам дека ќе им се допадне.-додава тој, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Како што открива Гоце, на албумот ќе има дванаесет песни, од кои и дует со познатата фолкерка Анета Мицевска. Албумот ќе биде претставен најпрво во Австралија, а потоа преку неколку помали концерти, песните од новото цд ќе бидат промовирани и во другите земји кадешто ги има нашите македонци.

Readers Comments (1)

  1. Bravos cestitki I sto povejke uspeh

    Reply

Leave a comment

Your email address will not be published.


*