Рубин Благадуша со три кавер песни

По неговите три нови видео записи кои ги снимаше заедно со ИН продукција, Рубин Благадуша не застанува и како што вели, одиме понатаму. Веќе има снимено три кавери на добро познати македонски песни.

-Веќе имаме снимено три нови аудио  записи, кој што се снимени во студиото на Славко Ристески ‘Просаунд” во Прилеп. Тие се слушани песни,аранжманот е на колегата  Зоран Здравески  Зрпе, “Демирхисарски бисери” . тој е добар муичар кој што знае да работи и сум презадоволен од него. Тука имаме три музички песни, за кои спотовите ќе се снимаат заедно со ИН продукција. Тоа се песните “Немој да ме бараш”, “Дано , Данице” и “Царе мој”. Тие се македонски песни, посебно “Царе мој” е песна од ресенскиот дел и која се слуша многу таму. Исто и со “Дано, Данице” која е многу добро позната , п мислам дека во нов аранжман и ново издание повеќе ќе и се допадне на пубиката, додава Рубин.

Помеѓу другото Рубин во периодов е и работно ангажиран на бројни настапи заедно со бендот “Позитив”.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*