Мигранти влегле во домот на Дино Мерлин

Двајца мигранти синоќа упаднале во семејниот дом на Дино Мерлин во Сараево.

Како што неофицијално пренесуваат босанските медиуми, мигрантите во куќата на Мерлин влегле преку прозорец, не обрнувајќи внимание на поставените камери.

По нивното влегување, се огласил алармот, па двајцата крадци не успеале ништо да земат со себе.

Полицијата за кусо време се појавила пред домот на пејачот. Мигрантите почнале да бегаат, но по потерата еден од нив бил фатен.

Според известувањата на медиуми, мигрантот во себе немал никаков документ за идентификација.

-Се работи за млад маж кој даде два датуми на раѓање. Еднаш наведе дека е роден во 1997 година, а вториот пат во 1998 година, вели извор за босанските медиуми.

За време на обидот за кражба,  пејачот и неговото семејство не биле во куќата.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*