Анета Наковска за прв пат објави фотографии од венчавката пред три години

Познатата фолк дива Анета Наковска  деновиве пријатно изненади со пост на својот фејсбук профил по повод годишнината од бракот.

Имено таа за прв пат пред очите на јавноста ги објави сликите од бракот со нејзиниот сопруг од нивната тајна венчавка во Лас Вегас пред три години. Линкот секако беше доста посетен со огромен број лајкови како и искрени честитки по повод нивната годишнина. Кон честитките се придружуваме и ние , редакцијата од ИН продукција со желби за уште многу заеднички годишнини во среќен брак.

Претходно Анета направи и мала забуна кај нејзините следбеници кога објави фотографии од снимањето на спотот  за песната “Да се родат дечиња”, кога се појавува исто во венчаница а спото е снимен во преубавиот амбиент на црквата Света Петка во Велгошти. И тогаш имаше безброј честитки на фејбук, но тоа беше само за целите на спотот , а ова се вистинските фотографии од венчавката во Лас Вегас.

Впрочем како и секогаш Естрада плус прва ги објавува сите вести и настани поврзани со нашите естрадни пејачи.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*