“Легато” бенд од Мелбурн после првата заедничка песна најавуваат и други нови песни

“Песна за народот македонски” е прв заеднички видео запис на “Легато” бендот од Мелбурн, Австралија.

Како што истакнува вокалистот на бенот, Марјан Васковски при гостувањето во ИН продукција, иако опстојуваат само две и пол години, сепак бележат бројни настапи и на некој начин оставаат трајни вредности во музиката во оваа далечна земја.

-Овој бенд во времето во кое трае, период од две и пол години, сепак не е многу долг период за да имаме можност да имаме создадено некои преголеми работи, сепак сме задоволни со тоа што успеавме да го сработиме. Ова е наа прва песна, се надвеам дека и понатаму ќе создаваме и твориме многу поубави подобри песни. Други снимки и видео записи сеуште немаме направено, но со планот кој го имаме во наредните проекти се надевам дека ќе имаме многу богата кариера, истакнува Марјан.

Годинава новата песна на “Легато” бенд во која се пее за татковината и родниот крај, беше снимен и видео запис во далечната Австралија , зад кој се потпиа ИН продукција.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*