Елена ги поседува сите природни атрибути за една пејачка

Природно убава без ниту грам силикон на неа е фолкерката Елена Јовческа која слободно може да се пофали со својот стас но и глас.

Накратко кажано сите атрибути кои една пејачка треба да ги поседува, Елена ги има. При нејзиното гостување во ИН таа изгледаше беспрекорно убаво  и средено а на неа единствена дополна беа вештачките трепки.

-Немам ништо вештачко на мене, меѓутоа освен трепките. Голема благодарност до мојот пријател, кој што многу го почитувам и сакам, Алек Палада, кој што максимално се вложи во мене за да изгледам вака како што изгледам. Тој ќе биде задолжен за моите спотови и буквално за се. А вие како телевизија нормално ќе бидете главни за делот на промоција . ИН е со мене веќе долго време и нема да ја прекиниме таа соработка, истакнува Елена.

Секако за сета нејзина убавина пред се е должна мајата природа, како и гените кои Елена ги наследила. За наредниот период Елена најавува и продолжување  на музичката соработка со групата “Модус” со кој неодамна го снимаа и видео записот за песната “Џемиле мори реканко”.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*