Нема застој за Елена, по летниот период во Македонија веќе отпатува на бројни настапи

Најново кај неа е тоа што веќе од пред неколку денови е во Америка каде добри два месеци ќе има бројни

настапи во оваа далечна земја. Прилепчанката Елена Јовческа по турбо работниот летен период со исто такво темпо го продолжува и есенскиот а по се изгледа и најплодниот новогодишен период. Впрочем како што најави при нејзиното гостување во ИН продукција, ја очекуваат Америка, Канада  и Италија.

-Веќе сум во преговори со концерти и знам добро каде ќе настапувам. За Новва година сум договорена во Канада во Виндзор во црквата Свети Никола. За Стара Нова година сум во Милано, Италија, истакнува Елена.

По нејзиното враќање во родната Македонија, поточно од следната година, Елена најавува некои новитети односно како што вели да се вложи максимално во себе и да се направи една убава промоција за нејзиното петто ЦД. Ми треба навистина време затоа што сакам тоа да биде спектакуларно, додава Елена.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*