Музиката на Балканот е многу измешана и неможе да се стави граница, велат од “Маестрал”

Ние свириме се што ни се бара, велат од оркестар  “Маестрал ” од Битола, во поглед на нивните бројни настапи кои ги имаа како во летниот период така и оние кои престојат во есенскиот дел.

Секако како што додаваат 80 до 90 проценти  од песните кои ги свират се македонска музика, а останатиот дел е друга музика.

-Овде на Балканот е толку испомешана музиката , така  што никој не може да се пофали дека ние пееме само наше. Никој , ни србите ни ние , ни грците. Познаваме песни што се снимани и на грчки јазик и на македонски и на српски, па и бугарски, така што тоа е незапирлив процес. Новите песни можеби се поинакви но младите можеби и на тоа уживаат. Не можеме да ги бираме песните што нам ни се допаѓаат и да одиме на свадба да ги свириме. Одиме на свадба да свириме луѓето што сакаат, велат Маестралци.

Секако како што напоменуваат од оркестарот “Маестрал” со оглед на се почестите нивни патувања во прекуаокеанската Австралија и тие се дел од балканските вечери кои особено се позастапени последниве неколку години, како новитет на тамошната сцена.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*