Лепа Брена се прошета во “минич”

Пејачката Лепа Брена деновиве ги промовира двата закажани концерти во Белград. Пејачката секојдневно гостува во емисии, а веќе ги започна и пробите со својот бенд и кореографите.

Српските медиуми пишуваат дека Брена е на строга исхрана, но и дека започнала со тренинзи за да ја одржува кондицијата. Пејачката секојдневно добива комплименти дека ослабела, а таа за „Блиц“ ги потврди овие информации.

„Сите се заслужени и диетата и тренингот. Морам да признаам дека јогата секогаш ми дава правилен став на телото, ми дава душевна релаксација, полесно дишам и функционирам“, вели Брена и додава:

„Јас никогаш не сум правела концерти така што ќе излезам и само ќе пеам. Сакам тоа да биде светска забава на мој начин“.

Инаку, по повод 35 години кариера, Брена ќе одржи два концерти во Белград, на 20-ти и 21-ви октомври, а на 15-ти декември ќе одржи концерт во Скопје.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*