Камила води со најмногу номинации на МТВ наградите

Ѕвездата на хитот „Хавана“, Камила Кабелјо, ја предводи листата на музичари со најмногу номинации за престижните европски МТВ музички награди кои ќе се одржат на 4 ноември близу Билбао, Шпанија.

Кабелјо е номинирана во шест категории , вклучувајќи ги и оние за најдобра песна, спот и музичар. Со по пет номинации се номинирани Ариана Гранде и раперот Пост Малоун, а со по четири Дрејк и Дуа Липа. Шон Мендес има три номинации.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*