Арена бенд работат со полна пареа

Пред извесно време во соработка со ИН Продукција, момците од Арена бенд го промовираа спотот за нивната најнова песна “Мајка”. Сашко Пејовски, вокал на бендот при интервју за ИН ТВ открива дека периодов работат и на новите кавери кои ќе ги промовираат во најскоро време.

Арена бенд се релативно млади и нови на македонската сцена. Сепак тие неуморно работат на снимање нов материјал, а покрај спотот којшто го промовираа пред извесно време за песната “Мајка”, не запираат со работа и веќе во моментов ги подготвуваат новите кавери со стари македонски хитови.

-Следни планови се пред се, да направиме нова песна, но сеуште немаме ништо конкретно ќе оставиме на времето. Сега засега имаме најава за преработка на уште неколку македонски песни, можам да кажам дека ќе бидат народни и чисто македонски, стари песни. Ќе ги снимиме истотака заедно со ИН Продукција, тоа се плановите за блиска иднина.-открива Пејовски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Момците од Арена бенд не ја исклучуваат можноста во перидот кој следи да настапат на некој од фестивалите кои се одржуваат во нашата земја, секако со нивната најнова песна “Мајка”.

-Можеби на фестивал ќе се појавиме со нашата нова песна, но тоа сега засега не е дефинирано. Сепак ќе оставиме малку време да видиме како ќе се прифати самата песна и спотот кај луѓето. Тоа не интересира најпрво сега да видиме како ќе успева и едноставно како ќе ја прифати публиката.-додава пејачот, при интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, пред само неколку месеци, момците го промовираа видео проектот со кавери на познати хитови, а при интервјуто го истакнаа и нивното задоволство од успешната соработка со ИН Продукција.

Во продолжение погледнете го спотот кој што ќе ве наежи !

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*