Мухи Амети : Би сакал да снимам дует со Ирена Спасовска

Мухи Амети кој потекнува од Македонија, а живее во Брисел гостуваше во студиото на ИН Продукција. Тој при интервјуто го истакна задоволството од музичката соработка со фолк пејачката Ирена Спасовска со која што сака да сними и дует песна.

Мухи Амети има одлична соработка со поголемиот дел музичари од македонската естрада. Тој при гостувањето во ИН Продукција најповеќе ја издвои соработка со познатата фолкерка Ирена Спасовска.

-Кога бев тука имавме повеќе настапи со мојата драга колешка Ирена Спасовска. Со нејзе имав бројни настапи, меѓутоа нашите настапи беа не преубави, туку немам зборови со кои можам да опишам. Таа е една вистинска, не само професионална во својата работа, една вистинска дама и ми беше добро затоа што таа навистина е бренд во Македонија. Кругот на нашата музика некогаш не спојува, а некогаш секој оди по својот пат, секој си е квалитетен на свој начин.-вели Мухи, додавајќи дека доколку има прилика би сакал да сними дует песна со Ирена.

-Јас многу би сакал да снимам еден дует со госпоѓата Ирена Спасовска, затоа што навистина таа толку прекрасно пее. Таа има некој таков глас, како да има некој најквалитетен мед, нешто што незнам како да ви го објаснам. Единствената пејачка за која еве вака јавно можам да кажам дека кога пее мене ми носи една таква емоција, ми доаѓаат солзи, си викам како пее оваа жена?! Има некоја боја на гласот толку специфична, многу ми е мила. И како личност ми е мила.-додава Амети при интервјуто за ИН ТВ.

Тој се надева дека соработката со македонската пејачка, која важи за една од најдобрите во нашата земја, ќе продолжи и во иднина, па заедно ќе остварат уште многу убави моменти.

Покрај соработката со Ирена, Мухи бележи и успешна соработка со Благоја Грујовски, Татјана Лазаревска и многу други.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*