“Девет картала” има посебна симболика, а потекнува од егејскиот дел појаснува Рубин

“Јанкулица”, “За тебе пеам родино” и “Девет картала” се трите најнови песни од Рубин Благадуша за кои тој

сними и видео записи за нив. Имено тој беше доста работно активен на музички план изминатиов период а истото го најавува и за периодот кој претстои од есенскиот дел. Што се однесува до песната “Девет картала”, Рубин открива дека оваа песна има една посебна симболика која се отпејува во неа.

-Таа песна е од егејскиот дел. Се работи за тоа што девет картала значат девет орли, преведено на македонски. Исто така девет картала има значење , тоа се некои огромни луѓе да кажам што сечеле со секири во времето, кој што некој бил богат човек и живеел во шува и тие биле неговите слуги. Така се кажува колку тој бил голем домаќин и ги нагостувал добро неговите слуги, биејќи и тој и тие биле обострано задоволни ,истакнува Рубин.

Во трите видео записи на Рубин се појавува и “Позитив ”бендот со кој официјално ја отпочнуваат заедничката претходна соработка. Како што појаснува Рубин, групата е оформена по негово инсистирање. За следниот период Рубин повторна подготвува музички новитети, особено на некои кавер песни кои се многу добро познати.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*