Гоца Тржан заврши на инфузија

Поп пејачката Гоца Тржан ги загрижи нејзините пријатели и обожаватели кога објави фотографија на која таа е во една белградска клиника.

Пејачката очигледно не водела грижа за своето здравје, се префорсирала, поради што завршила на инфузија. Бидејќи ја чекаат уште бројни обврски, лекарската помош и била неопходна.

„Пред мене е напорна недела, па инфузијата ми беше неопходна. Велат дека ќе бидам подобра, поздрава, потолерантна, кожата ќе ми биде позатегната, но што е најважно,  имунитетот ќе ми биде на 100%“.– порача преку шеговитата порака пејачката!

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*