Одржан 22-от Интернационален Фестивал на забавни мелодии „ЕВРОФЕСТ – 2018“

Со посета на вечниот дом на Тоше во Крушево како и Спомен куќата започна годинешниот 22-ри Интернационален фестивал на забавни мелодии “Еврофест 2018”. На програмата на фестивалот беа

изведувани хит мелодии за незаборав на Тоше, а наградени беа Серафина Фантаузо –Фиданки, втора награда, “Те нема веќе” Мери Тодорова Младеновска трета награда и награда за сценски настап, додека првата награда ја освои Ристо Краповски за песната “Ѕвезден балкан силно заплака”. Свое учевство на годинешниот фестивал зедоа и Маргица Антевска со “Моитва за вљубените”, Јулија “Луда главо балканска”во својство на гостинка со мега хит од Еврофест, Ѓоко Ѓорчев “Те сакам”.

Помеѓу останатите победници и лауреати на европските фестивали беа Олесја Барладеан од Молдавија со трета награда, Натали Дениз од Украина со втора награда, Бенјамин Хасаниќ од Босна и Херцеговина ГРАН ПРИ на град Скопје, Јулија Арнаут од Гагаузија со прва награда, Захари Чернев од Бугарија, Ана Стефановиќ од Србија, Александра Војтик Белорусија со прва награда и други.

Во рамкитена интернационалната шоу програма награда за животно дело доби Добрила Ивановска Чабрич.

Директор на фестивалот е Костадин Костадиновски, а водител беше Катерина Стојановска Десковска.Медиумски покровител Тв Сонце.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*