Никола Кочан : Време е да се посветиме на авторска музика

По дуетската песна “Џемиле мори Реканко”со фолкерката Елена Јовческа, за која пред извесно време го промовираа и спотот, Модус бенд веќе најавуваат снимање на новокомпонирани авторски песни.

Модус бенд важат за едни од најдобрите музичари на македонската естрада, но и доста активни кога станува збор за настапи или снимање на нов материјал. Покрај нивните авторски песни, Модус бенд зад себе имаат албум со стари македонски песни.

-Пред извесно време почнавме со преработки пред 5-6 години. Издадовме цел албум со такви песни македонски кои не се отпеани досега, односно снимани, а не прикажувани. Јас се надевам дека ќе продолжиме со истото темпо малку да отстапиме од тој наш стил кој што го имавме долго време, не велам дека нема да го задржиме тој наш стил добро знаат сите оние кои не слушаат, каков стил имаме ние, но сепак сакаме овие песни да останат засекогаш. Едноставно да ја оживееме песната, да се слуша и понатака.-истакна Никола Кочан, вокал на бендот.

Никола при гостувањето во ИН Продукција за следниот период најави снимање на нови авторски песни.

-Претходно имавме некои си кавери, па ајде сега рековме со тие каверите малку да застанеме и да се посветиме на тие македонски народни песни, секако на новокомпонирани, авторски наши песни.-додава пејачот.

Пред извесно време Модус бенд и Елена Јовческа во соработка со ИН Продукција го промовираа спотот за дуетската песна “Џемиле мори Реканко” кој што наиде на доста позитивни коментари од јавноста.

Во продолжение погледнете го спотот за “Џемиле” !

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*