Најдобриот гајдаџија во Австралија е македонец

Голем патриот и негувач на својата традиција особено со музичкиот инструмент гајдата на кој Влатко Велјаноски е врвен виртуоз. Тоа Влатко во повеќе наврати го покажал и докажал а сеуште го докажува со неговите бројни настапи низ Австралија, поконкретно во Мелбурн каде што живее и работи. Буквално во моментов е еден од набараните, каде заедно со својот бенд “Соната” бележат бројни настапи.

-Добро е прифатена гајдата кај нас. Доста време и ја свирам заедно со мојот состав “Соната бенд” од Мелбурн, вели Влатко, додавајќи дека за аранжманот на ‘Сирулската гајда” се потруди Златко Миладиноски а продуцент е Љупчо Соколовски.

Влатко бележи и заедничко инструментално дело насловено “Мерак гајда” со својот бенд “Соната”, а истакнува и тоа дека гајдата е доста барана во оваа далечна земја. Покрај бројните настапи, ретко кој може да остане рамнодушен на овој голем гајдаџија кој буквално ја поткрева целата атмосфера при сите веселби каде што свири. Влатко знае да направи незаборавна атмосфера со овој стар и специфичен македонски инструмент на кој тој е голем виртуоз,а за гордоста да биде поголема Влатко влечи корени од Охрид , но поради сплет на околностите живее и работи во Австралија и секоја година го посетува родниот крај, Македонија.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*