Андреа Бочели сними дует со синот Матео

Италијанскиот тенор Андреа Бочели ја сними песната Fall On Me, дует со неговиот син Матео. Песната ја посветувам на сите родители, вели еден од најпознатите оперски пејачи во светот.

„Секој што е родител, што ја познава скапоцената одговорност што ја имаат мајката или таткото, во целост ќе го сфати значењето што го има за мене оваа песна. Ова е прв дует со мојот син Матео“, стои во пораката покрај видеото. Во спотот се прикажани и фотографии од семејниот албум на Бочели.

Бочели има три деца, синовите Амос (23) и Матео (20) од првиот брак со Енрика Чензати, и ќерката Вирџинија (6), со сегашна сопруга, глумицата Вероника Берти.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*