Карди Би ја натепа љубовницата на сопругот

Популарната раперка Карди Би е уапсена поради тепачка во стриптиз-бар, пишуваат американските медиуми. Причината за тепачката биле шпекулациите дека една од келнерките што работеле во барот каде што настапила раперката имала афера со нејзиниот сопруг Оф-Сет.

Според очевидците, Карди Би имала настап со својот колега Мингос. Кога ја здогледала келнерката за која се сомневала дека се гледа со нејзиниот маж, им рекла на телохранителите да ја нападнат со шишиња, столчиња и наргилиња. Таа и уште една келнерка биле повредени, но одбиле медицинска помош.

Раперката е обвинета за напад и нарушување на редот и мирот и ќе биде изведена пред судија.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*