
“Убаво македонче” е песната со која група Милениум настапија на годинешниот Лешочки фестивал. Тие се презадоволни од нивниот настап, а откриваат дека добиле и низа позитивни коментари за песната од пубиката, но и на социјалните мрежи.
Покрај бројните ангажмани и настапи кои ги имаа во текот на летниот период, момците од Група Милениум се појавија и на годинешното издание на познатиот Лешочки фестивал. Тие настапија со песната “Убаво македонче” за која како што велат е во нивниот препознатлив традиционален македонски стил.
-Настапивме на Лешочкиот фестивал по трет пат со песна на Гоце Касаповски музика и текст, аранжманот е на нашиот член Борче Тасески. Песната се вика “Убаво македонче”. Се надевам дека досега веќе повеќето ја слушнале, повторно во тој наш стил традиционален македонски. Продолжуваме во тој правец.-истакна Влатко, еден од членовите на група Милениум при гостувањето во ИН Продукција.
Од група Милениум велат дека се презадоволни од нивниот настап на фестивалот, а не изостануваат и бројните позитивни коментари од публиката за фестивалската песна.
-Па навистина можам да кажам дека се само позитивни коментари слушнавме таму додека беше фестивалот, а и после тоа на фејсбук и социјалните мрежи. Сега се надевам дека искрени беа тие честитки.-додава Влатко.
Група Милениум веќе отпатуваа на нивната долгонајавувана Австралиска турнеја, каде ќе останат месец дена, а ќе остварат голем број настапи во повеќе градови низ оваа далечна земја.
Leave a Reply