Мухи сними спот за песната “Не останувам”

Како што претходно информиравме и најавивме познатиот Мухи Амети деновиве го реализираше својот нов видео запис заедно со ИН продукција. Станува збор за една преубава  љубовна песна која носи наслов  “Не останувам”. Песната има две верзии на македонски и на српски јазик, при што ќе си добие и соодветни видео записи за двете верзии.

-Песната ми беше снимена од прилика пред една година тука во студио во Скопје, меѓутоа немав прилики и немав толку време за да се сними и да се направи видео запис, но ете сега ја користам приликата. Песната е направена во српско и во македонско издание па ќе видиме понатака ќе си дојде се на свое место, истакнува Мухи.

Мухи се јавува како комплетен изведувач на музиката и аранжманот на песната, а запрашан за тоа која верзија на песната му се допаѓа повеќе, дали српската или македонската Мухи вели:

-Искрено да ви кажам двете верзии ми се допаѓаат , но некако македонската верзија повеќе ми се допаѓа, затоа што јас потекнувам од тука, од Македонија и секогаш сакам за мојот народ да им отпејам. Некако повеќе го осеќам тоа емотивно од мојата душа што излегува , а и српската исто ми се допаѓа. Не е лошо околу текстот малку ми требаше време додека песната ми легне, но сепак сме професионалци и знаеме како треба околу тоа, додава Мухи.

Очекувањата за ваквата реализација на Мухи како и новата песна која сега ја пласира пред публиката, се пред се позитивни како и тоа дека сака да биде прифатена и слушана оваа песна.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*