Голема Македонска забава во Дискотека Палма,Швајцарија

По повод големиот јубилеј на Хари Сековски од 20 години менаџерство со македонската естрада, на 17-ти Ноември во познатата Дискотека Палма во Швајцарија ќе се одржи спектакуларна Македонска забава.

Предвидено е да настапат бројни познати музички имиња од македонската естрада меѓу кои Елена Велевска, Благоја Грујовски, Стојне Николова, Бобан Мојсовски, ДНК, Тајзи, Ди-џеј ГуруМикс, Гоце Костоски-Пејак, Цаки, Ирена Спасовска, како и познатиот саксофонист Ице Атанасовски.

Покрај естрадните уметници, на забавата ќе присуствуваат и 3 телевизиски екипи. ИН ТВ и Фолк Клуб ТВ со емисиите, “Наша Сцена” и “Естрада плус”. Канал 5 Телевизија со емисијата “Разбуди ме со песна”, како и култната “Бекстејџ”. Присутните гости ги очекува уште многу други изненадувања.

Специјално за Македонската вечер, Дискотека Палма ги отвора вратите во 21 часот.

Резервации и информации : +41 79 451 70 59 i ‭+41 79 460 79 62‬

Не ја пропуштајте најдобрата забава во Швајцарија!

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*