Оркестар “Маестрал” со став дека сега е многу полесно да се биде музичар за разлика од пред 30 години

Песната е жива материја која што трпи промени и нормално е тоа, вели Иле од битолскиот оркестар “Маестрал” во поглед на тоа колку е изменета македонската музика од нивните почетоци во музичките води па се доденеска после цели 30 години.

-Ги немаше овие озвучувања што ги имаме денеска, оваа технологија. Тоа беше многу примитивно. Сега имаме многу поголема опрема и во денешно време е многу полесно да си музичар отколку претходно. Треба да има промени на песните, мислам да не избегаме од она нашето. Да земеме сите работи од комшиите а наше да нема ништо. Тоа на Балканот е толку многу испомешано, така што никој не може да се пофали дека ние пееме само наше. Ни србите, ни ние, ни грците. Познаваме песни што се снимани и на грчки јазик и на македонски и на српски , така да тоа е незапирливо, истакнува Иле.

Што се однесува до новите песни кои се повеќе наоѓаат големо место кај младите, тие додаваат дека сето тоа е вкус за кој не треба многу да се расправа. Маестралци додаваат и тоа дека на секоја нивна  свирка свират она што од нив го бара публиката, а не според нивниот репертоар, бидејќи народот го диктира темпото и насоката на музичкиот правец.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*